Апликацијата „m.Uslugi“ е достапна за Андроид и иОС, засега нуди три електронски услуги
Мобилната апликација „m.Uslugi“ е активна и достапна за корисниците на уредите со оперативните системи Андроид и иОС. Во моментов преку неа се достапни три електронски услуги: електронска лична карта, електронска возачка дозвола и обрасците М1, М2 и М4, информираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, пренесе МИА. Министерството планира постепено да ги пренесува на мобилната апликација најкористените услуги од Националниот портал „uslugi.gov.mk“. Според Андоновски, во следниот период ќе се работи и на воведување можност за електронски плаќања, по што ќе можат да се додаваат и услуги за кои се плаќа административна такса. -Во моментот ќе внесуваме услуги кои не бараат од вас да платите – рече Андоновски на промоцијата на апликацијата.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





