ПРЕЗЕМЕТЕ m.Uslugi - Апликацијата е ДОСТАПНА ЗА АНДРОИД И IOS
Мобилната апликација m.Uslugi е активна и е достапна за сите корисници на Андроид и на IOS уредите. Достапни се три електронски услуги и тоа електронска лична карта, електронска верзија на возачката дозвола, што се преземаат од базите на Министерството за внатрешни работи, како и обрасците М1, М2 и М4. - Планот е да ги детектираме услугите на порталот uslugi.gov.mk кои се најкористени и да ги префламе една по една на мобилната апликација. Во моментот ниедна апликација во Македонија нема можност за плаќање, и на тоа работиме во периодот што следи. Се надевам дека ќе успееме. Штом тоа го успееме ќе ги внесуваме апликациите што се со административна такса. Во моментов ќе внесуваме апликации кои не бараат од вас да платите - изјави министерот за дигитална трнасформација Стефан Андоновски на денешната промоција на мобилната апликација.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





