МЗ: Се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
Министерството за здравство обезбедува континуитет во снабдувањето со сензори за гликемија и ја проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес, соопштија попладнево од оваа институција. „Министерството за здравство континуирано работи на унапредување на грижата за лицата со дијабетес, преку обезбедување современа терапија, медицински помагала и подобри услови за следење и контролирање на болеста. Со последната јавна набавка, сензори за следење гликемија се обезбедени за 800 лица со дијабетес тип 1, согласно Програмата за дијабетес и заклучоците на националната комисија за дијабетес. Јавната набавка, склучена во април, годинава, важи до април 2028 година. Со последната јавна набавка е обезбедена современа инсулинска и антидијабетична терапија со зголемени количини“, се наведува во соопштението.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



