Кумановци од денес се вакцинираат против грип со корејски вакцини
Во Куманово почна вакцинацијата против сезонски грип, а за оваа сезона се обезбедени 1.600 дози вакцини, информираа денеска од Центарот за јавно здравје Куманово. Дел од вакцините се наменети и за одделенијата во Крива Паланка и Кратово. „Станува збор за тривалентни вакцини кои се бесплатни и првенствено се наменети за ризичните групи на население. Во нив спаѓаат лицата над 65-годишна возраст, лицата со хронични заболувања, вклучувајќи респираторни и кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, како и лицата на имуносупресивна терапија и членовите на нивните семејства“, изјави д-р Едита Рамизи, епидемиолог од Центарот за јавно здравје. Вакцинацијата се препорачува и за лицата сместени во установи за згрижување стари лица, здравствените работници кои се изложени на зголемен ризик. Пред аплицирањето на вакцината, здравствените работници спроведуваат кратка анкета за моменталната здравствена состојба на пациентот и проверуваат дали постојат контраиндикации за вакцинација.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



