Добра вест од ЕХФ: Македонските ракометарки се на два меча до пласман на СП 2027!
Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално го потврди квалификацискиот систем за пласман на СП за ракометарки во 2027 година кое ќе се одржи во Унгарија, а според одлуката, македонската женска репрезентација ќе се вклучи директно во завршната квалификациска фаза. Македонија е меѓу 26-те селекции кои преку овој последен бараж ќе се борат за едно од 13-те достапни европски места на Мундијалот. Директен пласман веќе имаат обезбедено домаќинот Унгарија и актуелниот светски шампион Норвешка, додека уште едно гарантирано место ќе му припадне на новиот европски првак, односно селекцијата што ќе оствари најдобар пласман на ЕП 2026. Ждрепката за оваа завршна квалификациска рунда е закажана за 19 декември, за време на завршниот викенд од континенталниот собир, кога ќе бидат формирани 13-те бараж двојки.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





