Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
Претседателски избори вчера се одржуваа и во соседна Бугарија. Кандидатските двојки за претседател и потпретседател Илијана Јотова и Кирил Валчев и Андреј Ѓуров и Георги Кандев одат во вториот круг од претседателските избори во Бугарија, покажуваат резултатите од ЦИК по обработени скоро 99% од гласовите. Јотова и Валчев добија 34,7 %, додека Ѓуров и Кандев 32 %. Јотова упати порака до бугарските граѓани дека е илузија да се мисли дека ако не гласаат, може да се промени нешто во земјата и најави дека ќе продолжат да водат позитивна кампања и дека сака да биде „претседател на мирот“. Претседателскиот кандидат Андреј Ѓуров, ја повика Јотова на отворена и, како што рече, искрена дебата. Право на глас имаа 6,59 милиони граѓани, кои можеа да се изјаснат за рекордни 27 кандидатски двојки за претседател и потпретседател на државата. Вториот круг од претседателските избори ќе се одржи на 1 ноември. Фото за вовед: YouTube видео: Embedded video for Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија Категорија: Балкан Новинар: Марјан Ников…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





