
Работнички остана максимален и по дербито во Битола против Пелистер славејќи победа од 91-87. Натпреварот донесе голема драма и пресврт на гостите од Скопје кои го одлучија натпреварот во второто полувреме. Битолскиот состав одигра подобро во првото полувреме и на паузата водеше со 41-33, сепак веќе во третата четврина Работнички заигра далеку подобро и ја доби со 26-18. Последниот период по подолго време донесе промена на водството и скопскиот тим поведе на осум минути пред крајот со 70-40, сепак ниту Пелистер не се откажуваше. Стигна скопскиот тим и до двоцифрена предност, но потоа Пелистер на помалку од минута до крајот го израмни резултатот на 83-83.
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





