Николоски: Преку 5 милијарди евра инвестиции во коридорите 8 и 10
Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО. „Низ Македонија поминуваат два паневрoпски коридори, Коридорот 8 исток-запад и Коридорот 10 север-југ. Ние сме единствена држава во Југоисточна Европа каде што двата паневрoпски коридори се сечат и се обидуваме да ја искористиме таа уникатна географска позиција која што ја имаме и затоа правиме огромни инвестиции што се движат помеѓу 5 и 6 милијарди евра, што кога ќе го споредите со бруто-домашниот производ, се огромни инвестиции, нешто што не го прави ни една друга држава во регионот во тој обем. Затоа сме најнапред и сме пофалени и од Европската Комисија и од Европската Инвестициска Банка и Европската Банка за обнова и развој, како и останатите партнери за ова што го правиме во инфраструктурата”, - изјави Николоски.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



