ВМРО-ДПМНЕ: За лагите и манипулациите на Венко Филипче
Венко Филипче стана препознатлив по спорните изјави, лагите и манипулациите во јавноста. Во изминатиот период на виделина излегоа повеќе лаги. Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД-програмата, за извештајот на Вајц, за анкетите, за златната виза, лажно си го вакцинираше внучето и еден куп други лаги, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „На лагите на Филипче им нема крај. Венко Филипче мора да ѝ одговори на јавноста зошто зборува за автомобил од 6.000 евра, кога во анкетниот лист се наведени други возила? Филипче зборува за автомобил од 6.000 евра, но во анкетниот лист, според достапните наводи, се пријавени две моторни возила, „мерцедес“ во вредност од околу 44.000 евра, како и мотор вреден околу 25.000 евра. Тогаш, каде е автомобилот од 6.000 евра? Дали станува збор за друго возило? Дали има разлика меѓу јавно кажаното и пријавениот имот? Има ли дополнителни информации што Филипче треба да ги соопшти за да се расчистат сите дилеми? Кај Филипче и СДС нема транспарентност и одговорност има само лаги и манипулации.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





