Керик пред отказ, двајца кандидати за неговото место
Манчестер јунајтед се соочува со нова тренерска неизвесност, откако по убедливиот пораз од Борнмут со 0:3 на „Олд Трафорд“ сериозно се разниша позицијата на Мајкл Керик. Според информациите на англиските медиуми, меѓу главните кандидати за негов наследник се издвојуваат Јулијан Нагелсман и Еди Хау. Поразот од Борнмут дополнително ја продлабочи кризата на „црвените ѓаволи“, кои се наоѓаат во една од најтешките ситуации во последните години. Тимот бележи лоши резултати, а серијата натпревари без победа го зголеми притисокот врз тренерот и раководството на клубот. Јунајтед остана на 16. место во Премиер-лигата, само еден бод над зоната за испаѓање. Според „Скај спортс“, раководството на клубот веќе разгледува алтернативи за тренерската позиција, а Нагелсман и Хау се меѓу најсериозните опции доколку биде донесена одлука за разделба со Керик.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





