Презентација на дигиталните услуги за компаниите во Стопанската комора
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски денеска ќе ги презентира достапните дигитални услуги, решенија и можности за компаниите членки на Стопанската комора. На средбата, на иницијатива на претседателот на Комората, Бранко Азески, ќе се разговара за практичните придобивки од дигитализацијата и за поедноставување на административните постапки. Презентацијата ќе се одржи во просториите на Стопанската комора, со почеток во 13 часот. Претставниците на бизнис-секторот ќе имаат можност да се запознаат со дигиталните услуги што им се на располагање и со нивното влијание врз ефикасноста во работењето. Предвидена е и дискусија со претставници на надлежните органи и тела, со цел размена на информации и искуства за унапредување на дигиталната трансформација. Од Стопанската комора посочуваат дека преку ваквите средби продолжуваат да придонесуваат кон создавање технолошки напредно општество и подобри услови за дигитализација на бизнис-секторот и економијата во целина. Категорија: Економија Nadnaslov: Економија Слика за вест…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





