Дончиќ прв ја проби границата од 50 поени сезонава (ВИДЕО)
Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ одигра фантастичен натпревар и со 52 поени го предводеше својот тим до победа од 132-123 на гостувањето кај Јута Џез. Словенечкиот кошаркар блескаше во Солт Лејк Сити, а неговата одлична вечер беше најавена уште пред почетокот на натпреварот. Тој стана првиот кошаркар во новата сезона во НБА лигата кој постигнал најмалку 50 поени на еден натпревар. Со тоа уште еднаш покажа колку големо влијание има врз играта на Лејкерс, кои ја продолжија сезоната со максимален ефект. Словенецот натпреварот го заврши со 52 поени, 10 асистенции и осум скока, а погоди и осум тројки. Од поле шутираше 17/30, додека од линијата за слободни фрлања имаше 10 успешни обиди од 11.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





