Иран: Каналите за комуникации со САД остануваат отворени
Каналите за комуникација меѓу Иран и САД остануваат отворени и покрај зголемените стравувања од обновување на војната, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи. Багаи изјави дека Техеран не ја затворил вратата за дипломатијата и оти преку посредници продолжува размената на пораки меѓу Иран и САД. Во интервју за германски медиум, пренесено од иранските државни медиуми, Багаи рече дека Вашингтон продолжува да инсистира на еднострани барања. Тој посочи дека американскиот претседател Доналд Трамп и други американски претставници повеќепати го користат изразот „целосна капитулација“, што, според него, е неприфатливо за Иранците. Преговорите поврзани со конфликтот се во застој веќе неколку недели. Во меѓувреме, меѓу иранското население растат стравувањата од можно разгорување на војната, воочи претстојните избори во Израел и САД. На прашањето дали планира воен напад врз Иран, Трамп првично одговори дека би било неразумно однапред да ги открива таквите намери.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




