Централната изборна комисија на Бугарија го објави крајот на изборниот ден
Централната изборна комисија на Бугарија објави крај на изборниот ден во 21:00 часот (по локално време), изјави претседателот на ЦИК, Георги Хорозов. Бугарите денеска гласаа за избор на седмиот претседател на државата. Излезноста на гласачите до 16:00 часот во државата изнесуваше 16,04%, објави претходно портпаролката на Централната изборна комисија Стојанка Балова, на брифинг во врска со денешните претседателски и потпретседателски избори. На претходните претседателски избори во 2021 година, излезноста на гласачите до 16:00 часот изнесуваше 24,12%. Балова посочи дека на 27 октомври ЦИК ќе ги објави резултатите од изборите и имињата на кандидатската двојка ако има победник. Доколку нема победник, втор круг ќе се одржи на 1 ноември 2026 година.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




