Европратеничката Јовева до Вучиќ: „Светот гледа“
Европратеничката Ирена Јовева му порача на Александар Вучиќ дека меѓународната јавност го следи изборниот процес во Србија и го повика изборниот ден да заврши без насилство, во услови на сè почести предупредувања за можни инциденти по затворањето на избирачките места. „Додека се затвораат избирачките места во Србија, сè почести се предупредувањата за можно насилство што би можела да го организира СНС, заедно со извештаите за изборни неправилности“, изјави Јовева. Таа упати директна порака до Вучиќ, поранешниот претседател на Србија и носител на листата на владејачката Српска напредна странка (СНС) на парламентарните избори. „А. Вучиќ, светот гледа. Не мешајте ја дипломатската воздржаност со подготвеноста да се сврти главата на другата страна. Доста е. Без закани. Без насилници. Без неказнивост“, порача европратеничката. Нејзината реакција доаѓа во момент кога повеќе меѓународни претставници предупредија на можноста од насилство по затворањето на избирачките места во Србија. https://twitter.com/IJoveva/status/2114431064395427962?s=20…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




