Работнички без грешка и против Куманово (ФОТО)
Работнички продолжува да биде перфектен во домашното првенство и денеска на свој терен беше подобар од Куманово со резултат 70-63. Куманово кој во дуелот влезе со две победи во низа имаше свои моменти, меѓутоа во најголем дел од дуелот домаќините беа подобриот тим на паркетот и заслужено ги освоија бодовите. По почетното водство на Работнички кое најмногу одеше до четири поени разлика, Куманово во последните моменти од првиот период направи пресврт и поведе со 19-18. Втората четвртина помина со често менување на предноста за на одмор да води Работнички со 36-33. Не се промени многу сликата и во третиот период, па домашната екипа во последниот период влезе со два поени предност и на семафорот стоеше 53-51.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





