Во декември повторно ќе има огласи за ИПАРД фондовите
БИТОЛА – Нови огласи за ИПАРД 3 – Програмата најави директорката на Платежната агенција Даниела Иротова-Лазарева, откако во декември лани европските пари за нашите земјоделци беа суспендирани поради голем корупциски скандал. Директорката Иротова-Лазарева најавува дека во декември ќе се отворат огласи за мерките 1, 3 и 7, за што земјоделците и преработувачките компании можат да почнат со подготовка на потребната документација за аплицирање. За да се елиминираат можни нови злоупотреби на европски средства во наредниот период, Платежната агенција направила одредени измени на постапките и процедурата за аплицирање на ИПАРД 3 – Програмата, за што се чека крајно одобрение од Националниот координатор на ИПАРД Програмата во Министерството за финасии. Речиси една година ИПАРД 3 за Македонија беше под знак прашалник поради откривањето на големиот корупциски скандал, во кој е инволвиран поранешниот директор на Платежната агенција Илија Стоилев, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Во тек е судски процес на деветмина обвинети за примање и давање мито од над 50 илјади евра, дел од нив вработени во МЗШВ и УЈП.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





