Сензационален пресврт на Денвер
Кошаркарите на Денвер Нагетс приредија епски пресврт на домашен терен и ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со 141-135 по продолжение. Домаќините во второто полувреме имаа огромна негатива од дури 23 поени, но со феноменална игра во последната четвртина успеаја да се вратат од мртвите и да го скршат отпорот на противникот. Никол Колиќ уште еднаш покажа зошто е повторно меѓу фаворитите за МВП, забележувајќи го својот 199-ти трипл-дабл во регуларниот дел од кариерата. Српскиот центар го заврши мечот со фантастични 35 поени, 15 скока и 10 асистенции, доближувајќи се на само 10 трипл-дабл учиноци од апсолутниот рекордер Расел Вестбрук. Сепак, најефикасен на паркетот беше Џамал Мареј, кој експлодираше со 42 поени (осум погодени тројки). Токму тој ги погоди клучните слободни фрлања на 17 секунди до крајот за да изедначи на 126-126 и да го одведе натпреварот во продолжение. Денвер да го направи својот шести најголем камбек (од над 22 поени) во историјата на франшизата. Кај гостите, кои паднаа на скор 0-3 под водство на новиот тренер Џамал Мозли, се истакна Треј Марфи со 26 поени, додека Деџонте Мареј додаде .
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



