Србија заслужува промена, Филипче со отворена поддршка за студентите
Венко Филипче, претседателот на СДСМ, во објава на социјалната мрежа Х, им посака успех на студентите во Србија, оценувајќи дека нивните протести создале шанса за промена на системот. Тој го обвини Александар Вучиќ дека планира изборна кражба и ја критикуваше власта во Македонија поради односот кон српскиот претседател. „Како професор, стојам со цело срце покрај младоста, а на нашите соседи им посакувам среќа утре“, напиша Филипче и доде дека постојат нерегуларности со избирачките списоци, издавање лични карти на странски државјани, притисоци врз вработените во државниот сектор, контролирано и платено гласање и медиумска контрола. Филипче ги спореди овие наводи со состојбите во Македонија во времето на Никола Груевски, додавајќи дека, според него, земјата денес повторно се враќа кон такви практики. „Никој повеќе не сака диктатори и криминалци што ги држат државите како заробеници, а граѓаните како заложници“, порача тој.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





