Александар Волкановски непоразениот Евлоев и испиша УФЦ историја (ВИДЕО)
Конечна потврда за тоа кој е најголемиот борец во историјата на перолесна категорија. На УФЦ 333 настанот во Абу Даби, 38-годишниот Александар Волкановски брутално го нокаутира досега непоразениот Мовсар Евлоев во втората рунда, испишувајќи нови страници во книгите на рекорди на елитната промоција. Австралиецот со македонско потекло стана првиот борач во историјата на перолесна категорија со 9 победи во борби за титула, надминувајќи го легендарниот рекорд на Хозе Алдо (8). Предизвикувачот Мовсар Евлоев влезе во октагонот со перфектен скор од 20-0 и репутација на борач кој немилосрдно ги контролира противниците. Првата рунда помина токму во тој знак, 32-годишниот Русин забележа неколку уривања и имаше блага предност, потпирајќи се на своето елитно борење. „Тој е одличен борец и со причина беше непоразен. Но, јас едноставно си реков дека сум вистинскиот човек за оваа работа. Имам само почит кон него, но добро е чувството кога ќе забележиш прекин. Ова го правам затоа што сакам, а не затоа што морам. Ако не примам премногу штета, веројатно ќе продолжиме понатаму“, изјави Волкановски по мечот. https://youtu.be/XKIpIJFBwbI?si=0NxMg5fMbiJq-XjL…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




