Реал го избриша АЕК од „црната листа“ – останаа уште само два клуба
Реал Мадрид ја намали листата на противници против кои никогаш не успеал да слави во Лигата на шампионите. По драматичниот триумф од 3-2 на гостувањето кај АЕК во Атина, грчкиот клуб повеќе не е меѓу ретките екипи кои можат да се пофалат со позитивен меѓусебен биланс против „кралевите“ во елитното европско натпреварување. Победата имаше двојна вредност за шпанскиот гигант. Освен трите бода, Реал конечно ја прекина и непријатната традиција против АЕК, па во неговата листа на нерешени сметки во Лигата на шампионите останаа само две имиња – Арсенал и Лил. Досега Реал двапати се сретна со АЕК во Лигата на шампионите и тоа во сезоната 2002/03. Двата меча завршија нерешено, во Мадрид беше 2-2, а во Атина 3-3. По првата победа над АЕК, на листата останаа уште два противници кои Реал Мадрид никогаш не ги победил во Лигата на шампионите.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





