
Најновите трендови, предизвици и можности во фокусот на деветтата Регионална Конференција за Е-трговија И покрај напредокот во дигиталната поврзаност, Западен Балкан сè уште заостанува во искористувањето на можностите на е-трговијата. Дигиталните вештини, навиките за плаќање и подготвеноста на компаниите за дигитална трансформација се меѓу клучните предизвици што ќе бидат во фокусот на деветтата Регионална конференција за е-трговија, на 3 ноември во Скопје. Земјите од Западен Балкан бележат значителен напредок во пристапот до интернет и финансиски услуги, но податоците покажуваат дека дигиталната поврзаност не значи автоматски и поголемо учество во дигиталната економија. Јазот меѓу користењето интернет и онлајн купувањето, недоволно развиените дигитални вештини и сè уште високата застапеност на готовинските плаќања укажуваат на значителен неискористен потенцијал за раст на е-трговијата во регионот. Ова се дел од сознанијата од новите годишни анализи на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТМ), кои ќе бидат претставени на деветтата Регионална конференција за е-трговија.
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





