Времето се менува, доаѓа студот – УХМР со временска до крај на неделата
Времето денеска ќе биде со променлива облачност и повремени сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува, особено во делови од Повардарието. Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 9 до 15 степени. Во главниот град се очекува претежно облачно време, проследено со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од минимални 7 до максимални 11 степени. Од УХМР информираат дека во наредниот период Македонија ја очекува стабилно и суво време, со повремена облачност. Во следните неколку утра, вклучително и во петок и сабота, на одредени места можна е појава на магла. Од петок се очекува постепено разведрување, а викендот ќе донесе значително постудени утра, при што во некои делови од земјата температурите ќе се спуштат и под нулата.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




