Либерман одби да и се придружи на коалицијата на Нетанјаху
Лидерот на партијата Израел наш дом, Авигдор Либерман ја одби понудата од партијата Ликуд на актуелниот премиер Бенјамин Нетанјаху да се придружи на неговата коалиција. -Свесен сум за потребата за формирање на влада, но не му верувам на Нетанјаху. Тој мора да замине, посочи Либерман. Тој наведе и дека неговата партија нема да коалицира со двете арапски партии. На предвремените парламентарни избори во Израел, одржани на 27 октомври, блокот партии околу актуелниот премиер Нетанјаху освои 53 места, а Ликуд е најголемата поединечна партија, со 27 места. Опозицискиот блок предводен од Гади Ајзенкот освои 48 места, а неговата партија Јашар има најмногу места – 21. Арапските и палестинските партии освоија 19 места. (МИА)…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



