Костовски до Села: Во Бутел ќе добиете тежок нокаут
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, преку објава на Фејсбук му одговори на Зијадин Села, кој напишал дека „Бутел бил следен“. Костовски порача дека Бутел го очекува, како што наведе, „уште потежок нокаут“, додавајќи дека општината не е „плен“ и дека нема место за, како што ги нарече, бандити кои зелените површини ги гледаат како простор за нови згради. Тој истакна дека уцените и заканите не поминуваат кај жителите на Бутел и оцени дека нема да се врати дијаспората што, според него, била принудена да ги напушти своите домови, за да гласа за политичарите. Во објавата Костовски потсети на недостигот од основна инфраструктура во минатото, наведувајќи дека во некои населени места немало вода за пиење, асфалтирани улици, градинки, училишта и паркови, а порача дека сега тие се градат. На крајот, тој порача дека развојот на општината нема да биде запрен и додаде дека неговите политички противници имаат слаби познавања од математиката. [facebook_post url="https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/posts/pfbid02CBUhua72pjC8R76VpXb99y35kHfX5eBSSLu1rZotdKPT3VdXa8pmYBriexGUvrpbl"]…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.
