ФФМ: Сите три ВАР-одлуки на дербито Шкендија – Вардар беа исправни
Дерби натпреварот меѓу Шкендија и Вардар, од 11. коло во ПМФЛ, одигран во Гостивар, беше одлично суден, со правилни одлуки во сите предизвикувачки ситуации, објавија од Фудбалската федерација на Македонија. Во текот на натпреварот имаше неколку ситуации што бараа особено внимание и добра координација меѓу судиите на теренот и судиите во ВАР собата. При акцијата на Шкендија во 30. минута, како и во 89. и 93. минута, кога Вардар постигна погодок, беа донесени три исправни ВАР одлуки, во целосна согласност со Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот. „Судиите на теренот и ВАР-судиите покажаа одлична координација, добра процена и доследна примена на правилата во сите три ситуации. И покрај обидите за поинакво прикажување на судењето, остануваме цврсто посветени на регуларноста на натпреварувањето, со доследно почитување на Правилата на фудбалската игра и ВАР протоколот. Објективното вреднување на судиските одлуки мора да се темели на фактите, правилата и конкретните ситуации од натпреварот“, стои во објавата на ФФМ.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





