Тотална доминација на Алкалоид во Австрија
Ракометарите на Алкалоид продолжуваат со успешните настапи на европската сцена. Македонскиот претставник славеше убедливо и на гостувањето кај австрискиот Ферлах со 32-18, со што на најдобар можен начин го потврди пласманот во следната рунда од Европскиот куп на ЕХФ. Тимот од Автокоманда уште во првиот натпревар во Скопје направи голем чекор кон продолжување на европската авантура, совладувајќи го ривалот со 31-22. Сепак, избраниците на Кирил Лазаров не се задоволија само со предноста од девет гола, туку одиграа уште еден одличен натпревар и на гостински терен славеа со уште поубедлив резултат. Алкалоид од почетокот до крајот покажа дека е поквалитетен противник. Македонскиот состав ја контролираше играта, беше сигурен во нападот и цврст во одбраната, не дозволувајќи му на Ферлах да се надева на сензационален пресврт пред домашната публика. Првото полувреме го заврши со само шест примени голови, а иако во вториот дел одбраната малку попушти, со добра игра во нападот Алкалоид се избори за убедлива победа.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



