Мицкоски од Брвеница: Довербата се гради со одговорна работа и конкретни проекти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска оствари средби со жителите на Радиовце, Теново, Брвеница и Седларце, во Општина Брвеница. Непосредниот разговор со граѓаните, порача Мицкоски, е најдобриот начин да ги препознаеме нивните приоритети, да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат и да понудиме конкретни решенија. -Нашата обврска е да градиме доверба преку одговорна работа, исполнети ветувања и проекти што носат вистински придобивки за секое населено место. Силна општина се гради со визија, посветеност и партнерство со граѓаните – напиша Мицкоски на Фејсбук. Мицкоски, исто така, упати порака за единство, обединување и заедничка визија за развој на општината заедно со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница Стојанчо Радичевски. -Од Брвеница, заедно со нашиот иден градоначалник Стојанчо Радичевски испраќаме порака за единство, обединување и заедничка визија за развој на општината, со конкретни проекти, нови можности и подобри услови за живот за сите граѓани на Брвеница, затоа што народот заслужува напредок и стабилност – објави Мицкоски. МИА…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.

