(Видео) Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн
Околу 1.200 Палестинци биле принудени да ги напуштат своите домови во Хеброн, на окупираниот Западен Брег, во операција на израелската војска, соопштија палестински претставници. Акцијата следува еден ден откако во палестински вооружен напад загинаа двајца израелски војници, а премиерот Бенјамин Нетанјаху најави операција од големи размери. Израелската војска соопшти дека операцијата во населбите Ал-Џаладa и Ајн Деир Баха, во близина на воениот контролен пункт на влезот во Хеброн, е насочена кон пронаоѓање припадници на вооружени групи и оружје. Најавени се и уривања објекти. Двајцата Палестинци кои пукале врз војниците на контролниот пункт биле убиени, соопшти израелската војска. The Israeli army has ordered more than 400 Palestinian families to evacuate their homes in Hebron, leaving thousands of people stranded in the streets with nowhere to go. https://t.co/6yEtzNpqpc…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Предложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





