Јаневска очекува студентите да го прифатат предлогот за субвенционираниот оброк
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска истакна дека очекува студентите да го прифатат договорот што се подготвува за студентскиот субвенциониран оброк, оценувајќи дека решението ќе биде на задоволство и на студентите и на институциите. Одговарајќи на новинарско прашање при посетата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Автокоманда, Јаневска изјави дека начелно е постигнат договор. -Начелно мислам дека имаме договор. Очекувам одговор од студентите, но не се сомневам дека ќе го прифатат тој договор и дека на задоволство и нивно и наше, повторно оваа Влада ќе биде со студентите – рече Јаневска.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





