ДКСК го регистрира првиот странец лобист во Македонија
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денес донесе решение со кое го регистрира првиот странец лобист кој во земјава доаѓа од Австрија. Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ на јавна седница информираше дека до ДКСК било доставено барање од физичко лице, државјанин на друга држава, за запишување во Регистерот на лобисти, лоби организации и лобирање, а по проверка на податоците и исполнување на законските услови, лицето без пречки е запишано во Регистерот. „Ова е прв случај на странец, државјанин на Австрија, да се запише како лобист во земјава. Лобистот се регистрира за лобирање во областа здравствена заштита, безбедност на храна, труд и социјална политика, економија, внатрешен пазар, занаетчиство, енергетика, заштита на животна средина и ветеринарство, транспорт, телекомуникации, градежно земјиште, буџет и финансии, девизно работење, локална самоуправа и локален економски развој и друго“, информираше членот на ДКСК, Бесник Џемаили.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




