Пензионерската патека на Средно Водно со едукативно-информативни табли
КБ Прво пензиско друштво, Сава пензиско друштво и Триглав пензиско друштво, преку кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, ја поврзуваат грижата за пензиската иднина со активниот живот и одговорното планирање. Познатата рекреативна пензионерска патека на Средно Водно доби нови едукативно-информативни табли, поставени во рамките на кампањата „Твоја патека, твоја иднина“, која се реализира како дел од платформата „Засади желба“, веќе шеста година по ред. Преку оваа иницијатива, патеката на Водно добива дополнителна вредност како симболичен потсетник дека сигурната иднина се гради чекор по чекор, преку одлуките што ги носиме денес. Поставените информативни табли ја поврзуваат идејата за континуирано движење напред со процесот на долгорочно создавање пензиска заштеда, која се гради трпеливо и одговорно низ годините. Како што секој поминат метар води поблиску до врвот и наградата што ја носи погледот од него, така и секоја навремена одлука за штедење придонесува кон поголема финансиска сигурност и мирна иднина во пензионерските денови.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





