Белгиското обвинителство бара две години затвор за Наинголан!
Белгиското обвинителство бара казна од две години затвор и парична санкција од 105.000 евра за поранешниот фудбалер на Интер и Рома, Раџа Наинголан поради обвинението за перење пари. Обвинителството тврди дека Наинголан е вмешан во перење на пари со потекло од нелегални активности, како што е продавање на кокаин. Истрагата за меѓународната криминална група беше почната во март 2023 година, додека полициската акција е спроведена во јануари 2025 година кога беа уапсени повеќе лица, меѓу кои и фудбалерот. Фудбалерот за време на сослушувањето тврдеше дека парите ги позајмил поради финансиски проблеми создадени по развод и блокада на сметки во Италија.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





