
Настанот, организиран од Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во соработка со Машинскиот факултет при УКИМ, Центарот за кариера при УКИМ, ЦИЗИ и ЦИРКО, собра 18 компании партнери од различни индустрии кои нудат практикантски позиции и можности за вработување Денес во Инженерскиот кампус на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје официјално беше отворен дводневниот Саем за пракса и вработување TECHMECH 2026, кој продолжува и утре, 15 октомври 2026 година. Настанот, организиран од Факултетското студентско собрание на Машинскиот факултет во соработка со Машинскиот факултет при УКИМ, Центарот за кариера при УКИМ, ЦИЗИ и ЦИРКО, собра 18 компании партнери од различни индустрии кои нудат практикантски позиции и можности за вработување. На саемот присуствуваат студенти и дипломци од Машинскиот факултет и од другите инженерски факултети, а посетителите имаат можност да се запознаат со програми за пракса, проекти за млади инженери и конкретни работни понуди.
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





