Од утре врнежи од дожд, локално пообилни
Под влијание на циклонска активност од утре до вторник времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има в недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник. Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), на повеќе места се очекува да наврне поголема количина на дожд од над 25 литри на квадратен метар за 24 часа, а во текот на прогнозираниот период локално и над 60 литри на квадратен метар. Во Скопје од утре до вторник времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. В недела и во понеделник кон крајот на денот и во текот на ноќта кон вторник врнежите ќе бидат пообилни. За целиот прогнозиран период во Скопската Котлина се очекува да наврне над 40 литри на квадратен метар дожд. (МИА)…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





