Во Струмичкиот театар премиера на „Четири слики на љубовта“
Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Четири слики на љубовта“ од современиот швајцарски драмски автор Лукас Берфус, во режија на Александра Кардалевска, соопштија од оваа културна установа. Како што се наведува, станува збор за прва македонска постановка на овој драмски текст, со која режисерката повторно се навраќа на творештвото на Берфус, петнаесет години по нејзината претходна постановка на дело од истиот автор. Во центарот на драмата се четири различни приказни поврзани со неверството, но наместо да понуди конвенционален поглед на брачните и партнерските конфликти, авторот ги разоткрива психолошките механизми што се активираат кога довербата е нарушена. Ликовите различно реагираат на соочувањето со вистината, обидувајќи се да ги зачуваат односите, сопствениот идентитет или илузијата за љубовта. Во режисерското читање на Александра Кардалевска, претставата се развива како истражување на современата интимност и постепеното исчезнување на љубовта од односите што формално продолжуваат да постојат.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.

