ИСПЛАТАТА НА ПЕНЗИИТЕ Е СИГУРНА, но мора навреме да се спречат иидните ризици
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема проблеми во одржувањето на пензискиот фонд и исплатата на пензиите. Сепак, смета, треба да се размисли што да се направи за да се спречат евентуални проблеми во иднина, особено, како што нагласи, поради тоа што реформата што била спроведена во пензискиот сисем со воведување задолжителен втор столб не ги дала посакуваните резултати. Ова, како што рече, се должи најмногу на тоа што друштвата кои управуваат со парите од вториот столб не ги оплодиле и не обезбедиле доволно приноси за повисоки исплати на дел од пензиите од овој столб. Правецот во кој се размислува, како што нагласи, е на граѓаните во иднина да им се остави можност да изберат дали би сакале да издвојуваат средства и во вториот или би останале само во првиот – државниот фонд, но за тоа, нагласи е потребна експертска јавна дебата.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





