Алкалоид и Прилеп за старт на 9. коло од Супер лигата, дербито се игра во недела
Со денешниот натпревар меѓу Алкалоид и Прилеп стартуваат дуелите од 9. коло од Супер лигата, а дербито на колот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер се игра во недела (почеток 17:45 часот). Дуелот во Автокоманда вечерва се игра со почеток во 19 часот, а екипата на Алкалоид ќе треба да ја потврди фаворитската улога и со евентуална победа бодовно (по 16) ќе се изедначи со лидерот Вардар. Гостите од Прилеп со 8 бодови се на шестото место на табелата и по неколку сезони се во горниот дел. Утре (сабота) се играат дуелите меѓу Мулти Есенс и Бутел (почеток 17 часот) и МРК Куманово – Охрид (почеток 18:30 часот). Покрај дербито во недела Вардар – Еурофарм Пелистер играат уште: Еурофарм Пелистер 2 – Струга (почеток 15.30 часот) и Младост – Тиквеш (почеток 18 часот). По одигрувањето на натпреварите од оваа рунда ќе следува пауза во првенството поради квалификациските настапи на македонската репрезентација со Луксембург (дома) и со Грција (гости). (МИА)…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




