Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
Контејнерски брод што превезувал опасни материјали потонал по напад со поморски дронови во близина на бугарскиот брег.. Станува збор за бродот „Контшип Џет“, кој пловел под либериско знаме и бил управуван од грчка компанија. Бродот бил погоден од три поморски дронови додека се движел кон романското пристаниште Констанца. На него имало 421 контејнер, во кои меѓу другото имало литиум-јонски батерии, како и запаливи и корозивни супстанции. Сите 18 членови на екипажот — 14 државјани на Филипини и четворица Украинци — биле спасени и безбедно префрлени во пристаништето во Варна.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





