Британскиот „Телеграф“ воведува вештачка интелигенција и најави сто откази
Британскиот весник „Телеграф“ ќе отпушти персонал како дел од планот да стане глобална медиумска компанија со вештачка интелигенција (ВИ). Ова доаѓа откако германскиот медиумски гигант „Аксел Спрингер“ го купи ова лето за 769 милиони долари. Околу стотина вработени треба да бидат отпуштени, претежно во редакциите за култура и спорт. Во мејл испратен до работниците, пишува дека се донесени тешки одлуки поради иднината на компанијата. „Телеграф“ имаше ограничени можности да инвестира, да се адаптира и да се движи во насоката што ја бара пазарот. Нашата амбиција е да го трансформираме „Телеграф“ од водечки британски весник во глобален медиум со вештачка интелигенција, базиран на вистинско новинарство, директен однос со публиката и експертизата што нè прави подобри од другите“, напиша Каролин Хулсхоф Пол, извршен директор на „Телеграф Медиа Груп“ (TMG).
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Предложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




