АКО ВОЗИТЕ НИЗ СЛОВЕНИЈА ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ Се мери просечната брзина на возење, а казните за пречекорување одат и до 1.200 евра
Словенија на неколку автопатски делници инсталира нов систем на камери, кои нема да ја мерат моменталната брзина, туку просечната брзина. Ова значи дека сегашната практика на возачите да забавуваат веднаш пред камерата и да забрзуваат подоцна повеќе нема да биде ефикасна за избегнување казни, објавија тамошните медиуми. Новиот систем, за разлика од класичните радари, не ја бележи брзината во една точка. Наместо тоа, камерите на почетокот на следената делница го бележат времето на влегување на возилото, а друг сет камери на крајот од делницата го бележат времето на излегување. Потоа системот ја пресметува просечната брзина врз основа на поминатото растојание и поминатото време. На пример, ако возилото помине делница од десет километри за четири минути, неговата просечна брзина е 150 км/ч. Ако ограничувањето на таа делница е 130 км/ч, возачот направил прекршок, без оглед на брзината со која поминал покрај самите камери. Целта е да се поттикне унифицирано и побезбедно возење.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Предложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




