Зеленски: Преговарачите од Украина, Русија и САД се среќаваат на почетокот на ноември во Абу Даби
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека преговарачите од Украина, Русија и САД се согласиле на состанок на техничко ниво во првата половина на ноември во Абу Даби, изразувајќи надеж дека ќе следи состанок на лидерите на трите земји. Зеленски рече дека разговарал со американските претставници Џаред Кушнер и Стив Виткоф во понеделник, по нивниот состанок со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела, објави Ројтерс. Тој рече дека секој мировен договор ќе мора да вклучува силни безбедносни гаранции за Украина и финансирање на украинската војска за следните 10 години.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Предложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





