Густа супа од карфиол
Состојки: 350 грама карфиол 150 грама моркови 1 компир средна големина 1 лажица сув зеленчук 10 грама путер Ким и лукче( по вкус) 100 мл крем за готвење 1 лажица сок од лимон 1 лажичка магдонос Подготовка: Во малку посолена вода сварете ги карфиолот, морковот и компирот. Сварениот зеленчук исцедете го и зачувајте ја течноста за готвење. Уште топол зеленчукот исецкајте го во електричен сецко со додавање на течноста (околу 150 мл) во која се вареле. Сецканиот зеленчук вратете го во садот, додадете 600-700 мл од течноста во која се варени, сув зеленчук, путер, ким, лукче, крем за готвење и сок од лимон. Се вари кратко. Посипете со сецкан магдонос.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





