Разочараниот Спалети: Не бевме подготвени за битка!
Тренерот на Јувентус, Лучано Спалети, упати остри критики за играта на својот тим по поразот од 0:2 на гостувањето кај Џенова. Стратегот ја истакна недоволната борбеност и порача дека современиот фудбал бара сосема поинаков пристап кон физичките дуели на теренот. „Пред сè, должни сме да им се извиниме на навивачите за ваквото издание. Во ваков момент секој збор може да звучи погрешно, па затоа ни треба време реално да ја процениме ситуацијата. Балданци успеваше да наоѓа слободен простор зад нашата одбрана и не најдовме начин да го спречиме. Освен тоа, самите ѝ помогнавме на Џенова да ги постигне головите, додека ние пропуштивме две одлични можности. Тешко е да се прифати вакво ниво на трчање и интензитет. Ги губевме дуелите и во нападот и во одбраната – насекаде на теренот. Мора да ја разбереме причината и да го подигнеме физичкото ниво, како и желбата да се бориме за секоја топка.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



