Европски театарски дијалог во Скопје: Свечено отворена Генералната асемблејата на „Еуродрам“
Свеченото отворање на Генералната асемблеја на „Еуродрам“, која од 27 октомври до 1 ноември се одржува во Скопје, го потврди извонредното значење на целиот настан за нашата држава и за театарската уметност, воопшто. Церемонијата се одржа на 28 октомври на големата сцена во Театар Комедија. На почетокот, присутните ги поздрави Едмонд Сотир, директор на Театар Комедија, кој пред шеесетина гости од 28 држави, како и пред редовната публика на театарот, го изрази задоволството што токму Театар Комедија ја има честа да биде домаќин на меѓународен настан со големо значење и високо реноме. Драматургот Дарко Јан Спасов го претстави новото издание „Каталог на македонски драми во избор на Еуродрам, 2001–2026“ од Иван Додовски, објавено од Театар Комедија со поддршка на Министерството за култура и туризам. Каталогот содржи хронолошки преглед на 32 избори, со 30 различни драми од 18 македонски автори, како и посебен дел со биографии на 15 автори и подетални претставувања на 26 драми. Изданието на англиски јазик вклучува содржини и информации за премиери, преводи и авторски права. Некои од авторите застапени во каталогот беа присутни на неговата промоција во Театар Комедија.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.



