Може ли Украина да го парализира воздушниот сообраќај во Москва?
Руските аеродроми во Москва со месеци се соочуваат со сè почести прекини во воздушниот сообраќај поради украинските напади со беспилотни летала. Според извештај на независниот руски медиум во егзил „Агентство“, аеродромите Домодедово, Шереметјево, Жуковски и Внуково во текот на октомври речиси секојдневно морале да го прекинуваат сообраќајот, а во одредени денови биле затворени и до девет часа, објави „Дојче веле“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на септември најави дека Киев има намера да го направи рускиот воздушен простор небезбеден за користење. Тој ги предупреди авиокомпаниите, осигурителните компании и сите што продолжуваат да ги користат главните руски аеродроми. Следниот ден, Украина ја известила и Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO). Украинскиот воздушен простор е затворен од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Предложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





