Тамара Котевска освои „Зелен Оскар“ за „Приказната за Силјан“
Македонската режисерка Тамара Котевска го освои престижниот „Зелен Оскар“ за најдобра режија и продукција на наградите Вајлдскрон Панда 2026 во Велика Британија, за нејзината визионерска режија и продукција на документарниот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), реализиран за National Geographic Documentary Films. Со освојувањето на наградата Producer/Director Panda Award, Котевска влегува во историјата како прва добитничка на ова признание од Македонија и регионот. Во светот на документарната кинематографија, наградите „Панда“, познати како „Зелени Оскари“, претставуваат едно од највисоките признанија за филмските автори кои преку своите дела ја истражуваат природата и сложениот однос меѓу човекот и животната средина. Низ историјата на овие награди биле одликувани легендарни имиња како Сер Дејвид Атенборо и оскаровката Пипа Ерлих, режисерка на „My Octopus Teacher“, а сега во кругот на наградените се приклучува и Тамара Котевска.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.




