Германските компании бараат олеснувања за македонските транспортери
Проблемот со македонските транспортери и ограничувањето од 90 дена престој во Шенген зоната е еден од најголемите проблеми на германските компании кои работат во земјава. Ова на состанокот му го посочија и на министерот за транспорт и вицепремиер Александар Николоски. Дополнително за нив се предизвик и административните процедури за кои велат дека дел не се дигитализирани, побараа и поголеми вложувања во инфраструктурата. Неколку месеци нема поместување во преговорите со Европската Комисија, затоа преку билатерални договори неколку европски земји ги олеснија условите за македонските превозници, одговори вицепремиерот Николоски, повикувајќи ваква одлука да донесе и Германија. Во однос на автопатиштата кои се градат во земјава, ги повика компании да се вклучат, бидејќи досега не пројавиле интерес. Германија е трговски партнер број еден на Македонија. Размената се искачи на 4, 5 милијарди евра, а околу 40 проценти од вкупниот извоз на земјава е наменет за Германија. Викторија Милевска Категорија: Македонија Nadnaslov: Транспорт Слика за вест…
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





