Јужна Кореја ги казни Гугл и Епл со речиси 48 милиони долари
Јужна Кореја ги казни американските технолошки гиганти Гугл и Епл со вкупно 47,6 милиони долари, или околу 40,9 милиони евра, за злоупотреба на нивната позиција на пазарот за тргување со апликации. Регулаторот тврди дека компаниите ги принудиле домашните програмери да ги користат нивните системи за плаќање и неразумно ја одложиле проверката на апликациите, пишува Асошиејтед прес. Јужнокорејската комисија за медиуми и комуникации со години го истражува работењето на Гугл и Епл поради сомнеж за кршење на законот од 2021 година. Тој закон им забранува на сопствениците на продавници за апликации да им наметнуваат одредени методи на плаќање на програмерите. Гугл мора да плати 42,9 милијарди вони (околу 32 милиони долари), а Епл 20,8 милијарди вони (околу 15,5 милиони долари). Регулаторот им наложи и да им дозволат на јужнокорејските програмери да користат надворешни врски за плаќање во рамките на апликациите и да ги подобрат процедурите за проверка на апликациите.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





