Опсерваторијата Вера Рубин откри џуџеста планета во Сончевиот систем (ВИДЕО)
Во Сончевиот систем, зад Плутон, е откриена можна џуџеста планета благодарение на Опсерваторијата „Вера Рубин“. Засега овој леден свет е означен како 2026 ЕД138. Доколку овие прелиминарни податоци се потврдат, објектот ќе ѝ се придружи на групата од пет досега познати џуџести планети – Плутон, Церера, Хаумеа, Макемаке и Ерида – соопшти Националната научна фондација на САД. Откритието беше овозможено благодарение на неспоредливата брзина на Рубин и огромната камера на опсерваторијата, најголемата досега изградена, што ѝ овозможува прецизно да ја сними секоја видлива промена на небото на јужната хемисфера. Центарот за мали планети при Меѓународната астрономска унија му ја додели привремената ознака ЕД138 на новооткриениот објект.
Следи тема
Теми од оваа приказна
Предлозите користат ознаки од издавачот и насловот. Можеш да внесеш и свој поим.
Темите се чуваат во овој прелистувач. 0 / 6
Зачувај ги темите на сите уредиПредложени теми
Теми што ги следиш
Краток извадок од изворот. Целиот напис и авторството му припаѓаат на оригиналниот издавач.





